Пред
предвремените парламентарни избори во Германија, спорот во владата за воената
помош за Украина го попречува одобрувањето на дополнителни пари за оружје,
објави Дојче веле.
Во прашање е
сумата од три милијарди евра, наменети за воздушната одбрана на Украина. Иако
испораката на оружје не е спорна, финансирањето и времето се клучни прашања.
Буџетот за 2025
година се уште не е усвоен поради несогласувања во коалицијата на
Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП).
Министерот за
економија и кандидат за канцелар на Зелените, Роберт Хабек, истакна дека
пакетот помош за Украина може да биде усвоен пред изборите, но го постави и
прашањето од каде ќе дојде финансирањето.
Тој предложи
можност за дополнително задолжување, но исто така нагласи дека е потребно
континуирано финансирање за да и се помогне на Украина.
Канцеларот Олаф
Шолц (СПД) ги отфрли обвинувањата дека го блокира пакетот помош.
Тој посочи дека
Германија веќе дава значителна поддршка за Украина и мора да се погрижи земјата
да не биде вовлечена во војна.
Тој, исто така,
нагласи дека финансирањето за дополнителна испорака на оружје не смее да биде
на сметка на германското население.
Опозицијата,
предводена од демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ) и либералите (ФДП) е подготвена да
го поддржи пакетот помош за Украина, но предлага намалување на социјалните
трошоци за да се обезбедат средства за воена помош.
Медиумите
посочуваат дека е малку веројатно пакетот помош за Украина да биде усвоен пред
изборите закажани за 23 февруари.