Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
Мостот на Вардар кај Башино Село попладнево повторно е пуштен во сообраќај откако денеска поради надојдените води на Вардар фирмата „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ која го санира, поради опасноста од надојдената вода со своја механизација ги чистеше столбовите на мостот од надојдените трупци, гранки и секаков вид на смет, информира за МИА градоначалникот Марко Колев.
Инаку, локалната власт секоја година при поројни дождови редовно ги чисти столбовите на мостот од гранки и трупци, а денеска таа обврска ја презема фирмата која моментално работи на негова санација.
Поради изведување на работите за расчистување на столбовите на мостот, надојдените води на Вардар и големиот број на гранки и трупци од кои имаше опасност по мостот, граѓаните кои денеска претпладне дојдоа со своите возила до мостот на Вардар кај Башино Село не го поминаа туку се вратија назад и поминаа од другата страна на градот, велат граѓани кои редовно поминуваат по овој мост. Тие посочија дека немало издадено посебна забрана за движење по мостот, но биле предупредени од фирмата изведувач за опасноста на движење.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана