Бизнис
ПОЛИТИЧКАТА НЕИЗВЕСНОСТ ЈА НАМАЛИ БОЖИЌНАТА КУПУВАЧКА ЕУФОРИЈА ВО ГЕРМАНИЈА
24.12.2024
Годинашнава божиќна сезона за купување не се покажа како добра за трговците во Германија, поради глобалната состојба која ја истисна подготвеноста на потрошувачите да купуваат, изјави раководителот на водечката трговска организација во земјата.
- Расположението на потрошувачите е лошо поради војните во светот и политичката неизвесност во Германија. Потрошувачите ги чуваат своите пари и многу трговци не се задоволни за време на божиќните празници, изјави Александер вон Преен, претседател на Германското здружение за малопродажба (ХДЕ).
Германците се соочени со политичка неизвесност во 2025 година, а многу од нив се откажаа од посетите на божиќните саеми низ земјата. Но некои сектори како продавниците за козметички производи, играчки и книги покажаа подобри резултати во продажбата, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic