Кoалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција
Праксата на неказнивост и селективна правда доведе до големи трагедии, а пожарот во Кочани е последен во низата на случувања каде корупцијата убива тврдат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата
Бараат вонредни надзори, проверка на имотна состојба и интереси, на инспекторските места да бидат поставени вистински луѓе, вертикална одговорност.
„За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со Беса транс, пожарот во модуларната болница-Тетово, требаше да се случи и пожарот во Кочани за одново да се потсетиме дека повеќедецениската системска корупција зема животи. Недостигот од одговорност и селективна примена на законите создадоа амбиент во кој трагедиите се очекуван исход, а довербата во институциите е длабоко нарушена.“- Снежана Камиловска Трповска Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата.
Дарко Авромовски вели дека потребно е да се објават основни податоци од планот за истрага и да се организираат редовни брифинзи.
„Неопходно е Јавното обвинителство редовно да објавува соопштение или да организира брифинзи со новинарите, со јавноста на кои ќе се споделуваат вакви динамики од истрагата и воедно потранспарентна комуникација во поглед на поднесувањето на обвинението. Можат да бидат објавени аноминизирани верзии од истите за јавноста да биде подобро запознаена со истрагата, како и аноминизирани образложенија на сите решенија за прекинување на истрагата против лица за кои нема доволно докази.“ - Дарко Аврамовски Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата.
Потребно е темелна и теренска проверка на објекти и дејности вели Миша Поповиќ, кој вели дека според досегашните истраги се забележува дека кај оние службеници кои вршат инспекции и оние кои издаваат дозволи се недоволно контролирани.
„Очекуваме дека ќе се зголеми контролата на инспекции и системот на издавање на дозволи и лиценци и тука во прво време најмалку што очекуваме е дека ДКСК ќе побара вонредно сите инспектори и службеници кои учествуваат во издавање на дозволи ќе поднесуваат анкетни и изјави за интереси до нив.“ - Миша Поповиќ Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата.
Од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата потенцираат дека во следниот период ќе се подготви Бела книга со барања кои досега не се исполнети, придружена со акциски план и рокови за институциите.