• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Виљареал и Атлетик Билбао ремизираа без голови, во последниот неделен натпревар од 30. коло на шпанската Примера (0-0). Баскијците стигнаа до повредно реми, па со 54 бода, сега имаат шест повеќе од Виљареал и ја држат четвртата позиција која води директно во Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ има натпревар помалку од вечерашниот противник.
Домаќинот поблиску до триумф на „Естадио де ла серамика“. Добри шанси за домаќините во првото полувреме пропуштија Ајозе Перез и Бакман, а кога мрежата на Атлетик Билбао се затресе на петнаесет минути пред крајот, по голот на Џереми Пина, голот беше поништен поради претходно играње со рака на Бари. Домашниот тим на крајот остана со играч помалку, бидејќи играчот од средниот ред на Виљареал, Папе Геј, доби директен црвен картон поради остар старт. Тогаш замреа надежите на Виљареал за победа, додека избраниците на тренерот Ернесто Валверде без проблем спасија вреден бод во борбата за место во Лигата на шампионите.
Гостинска победа попладнево издвојува Ваљадолид, кој славеше на теренот на Ваљадолид со 0-4.