
Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Ова бројка е за 18 отсто повисока во однос на 2022 година.
График: АЕТМ
Вкупниот број на трансакции е исто така зголемен во однос на 2022 година – за 15,2 отсто, односно биле направени 19,29 милиони трансакции во текот на изминатата година. Физичките лица доминираат како главни потрошувачи на онлајн пазарите – тие ги прават 70,2 отсто од онлајн трансакциите.
Просечната вредност на онлајн трансакциите изнесува 33,7 евра, што е за 2,3 отсто поголема од 2022 година. Растот на просечната вредност на онлајн трансакциите е поголем кај правните лица – 45,6 евра, и се забележува поголем раст – 6,8 отсто, во споредба со физичките лица, каде порастот е само за 1,05 отсто, а просечната вредност изнесува 30,3 евра.
Преземено од: Meta.mk