Кристијано Роналдо, ќе го продолжи договорот со Ал Наср на уште две години, пренесуваат светските медиуми.
Португалскиот фудбалер му се приклучи на саудискиот клуб во зимата 2023 година по неуспешната авантура во Манчестер јунајтед.
Легендарниот напаѓач одигра 98 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигна 88 гола и забележа 19 асистенции.
Во тековната сезона Роналдо настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 30 гола и забележа четири асистенции.
Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, а претходно се шпекулираше дека за новиот двегодишен договор ќе заработи дури 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА