Кошаркарските судии во штрајк: Нема плејоф викендов!

Плејофот во кошаркарскиот шампионат на Македонија требаше да стартува викендов, но тоа нема да се случи по одлуката за штрајк што ја донесоа судиите кои веќе немаат намера да ги слушаат лажните ветувања додека им се должат пари.

Судиите уште пред одигрувањето на последното коло предупредија дека си ги бараат парите што им се должат за претходните три месеци, а откако барањето не им беше исполнето, на вчерашниот состанок била донесена одлука за стапување во штрајк. Ова практично значи дека ќе нема ниту делегирање за претстојните натпревари со кои требаше да стартува доигрувањето за титулата.

Новата бура доаѓа во период кога се очекува реакција на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, откако клубовите на 1 април му поднесоа иницијатива за свикување на Вонредно Собрание. Рокот за ново Собрание е 14 дена од поднесувањето на иницијативата, па проблемите со долговите кон арбитрите најверојатно ќе мора да ги решава новото раководство.

А во меѓувреме, губи само кошарката….

Се вчитува...