Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска порача дека во затворите низ Македонија има богати криминалци.
Според него, дел од затворските полицајци внесуваат телефони за затворениците, а оние чесните велат дека им биле нудени по неколку илјади евра за на некој затвореник да му внесат телефон во затворот.
Тој вели дека во затворите има многу богати криминалци па затоа лесно им е да подмитат некого. Некои со пари, а некои со други поволности.