Македонија ВИДЕО

СЕ ИСПОРАЧУВА ВЕТЕНОТО: Од денеска започнува исплатата на повисоки пензии

СЕ ИСПОРАЧУВА ВЕТЕНОТО: Од денеска започнува исплатата на повисоки пензии

Се испорачува ветувањето за повисоки пензии за 5,000 денари- од денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2,500 денари, а тоа значи дека 300,000 пензионери ќе го добијат покачувањето на пензиите.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да излеземе во јавноста и да ветуваме чуда. Прво, не ни дозволува нашиот карактер, нашиот минат труд и на крај ние не сме чудотворци, но можеме да ви ветиме дека ќе биде многу, многу подобро од тоа што е сега, и можеме да ви ветиме дека дел од овие средства кои што се наменети за богатење на корумпирани политичари ќе завршат кај вас. Како ќе завршат? Преку зголемени пензии.
Напорната работа носи резултати.
Имам одлична вест за сите пензионери.
Од денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2,500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии за 5,000 денари. Повеќе од 300,000 пензионери ќе имаат повисоки пензии за 5,000 денари.
Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме ние тука да ги решаваме проблемите и со решавање на проблемите Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша!
Нека е со среќа повисоки пензии, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства, потенцира Мицкокси.

Најнови вести од Македонија

To top