logo
logo
logo

Белата куќа потврди дека вирусот на Ковид потекнува од Вухан: Трамп беше во право (ВИДЕО)

Vecer | 31.01.2025

Белата куќа потврди дека вирусот на Ковид потекнува од Вухан: Трамп беше во право (ВИДЕО)

„Пред неколку години, претседателот Трамп го информираше американскиот народ во оваа соба и изјави дека коронавирусот протече од лабораторија во кинескиот град Вухан. Многу луѓе во оваа соба го исмејуваа поради тоа во тоа време, велејќи дека тоа е теорија на заговор. Тој го направи тоа. Сега знаеме дека вистината е потврдена, требаше долго време да се дојде до тоа, но претседателот беше во право“, рече Левит, пренесе Анадолија.

Да потсетиме, пред неколку дена, американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави оценка дека е поверојатно коронавирусот да потекнува од кинеската лабораторија отколку да потекнува од животни.

Портпаролот на ЦИА рече дека „поверојатно е потекло на пандемијата поврзано со истражување отколку природно потекло врз основа на достапните извештаи“.

Одлуката за објавување на оценката е една од првите донесени од новиот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, кој беше назначен од новиот американски претседател Доналд Трамп, кој вчера ја презеде функцијата.

Ретклиф долго време ја фаворизираше теоријата за „протекување од лабораторија“, тврдејќи дека коронавирусот најверојатно „протече“ од Институтот за вирологија во Вухан.

Институтот е на 40 минути возење од пазарот Хуанан каде што се појави првиот кластер на инфекции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk