Теа Донева од Б.К. Аждер Охрид стигна до третото место на државното првенство во борење кое денес се одржа во Штип.
Од охридските борачи „нерешен“ резултат оствари и младиот Лука Колевски кој имаше еден пораз и една победа.
Борењето е спорт со најмала традиција во Охрид и овој спорт практично не постоеше ни на аматерско ниво, до појавата на Илија Спасески и основањето на Боречкиот Клуб Аждер, чии членови макотрпно и чекор по чекор го градат патот на успехот учествувајќи на првенства и турнири каде учествуваат клубови со децениска традиција.
