Монако забележа голема победа над Реал Мадрид со 77-74 во 24. коло во Евролигата.
Мечот се решаваше во последната четвртина, кога домаќините успеаја да направат една добра серија, да дојдат до +10 поени, од кои Реал не успеа да се врати.
Страцел кај Монако беше најефикасен со 13 поени, додека кај Реал Хезоња постигна 15.
Претходно Фенербахче го совлада тимот на Виртус Болоња. Кај гостите не беше доволна одличната партија на Шенгелија, кој уфрли неверојатни 35 поени. Сепак, тимската игра на Фенер ја донесе победата. Гудуриќ кај победничкиот тим беше најефикасен со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА