Connect with us

Бизнис

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Објавено

на

Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, од вчера учествува на престижната конференција Microbalkans 2024, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Како клучен панелист на темата дигитализација во микрофинансискиот сектор, Јошевски зборуваше за улогата на финтек решенијата во модернизацијата на финансиските услуги, нагласувајќи дека „технологијата драстично го менува нашиот секојдневен живот и овозможува микрофинансиските институции да нудат поефикасни, поудобни и безбедни услуги на корисниците преку дигитални платформи.“

Во своето обраќање, Јошевски ја истакна важноста на законските регулативи, кои, според него, ја зајакнуваат стабилноста и транспарентноста на македонскиот финансиски сектор.

„По сите дискусии и панели, сите се едногласни дека Македонија има една од најдобрите законски рамки за градење на здрав и квалитетен финансиски екосистем“, посочи Јошевски, додавајќи дека ваквата регулаторна поддршка создава поконкурентна средина за финтек индустријата и микрофинансиските компании.

Македонската делегација на конференцијата ја сочинуваат и други претставници на финансиските друштва, како и претставници на Министерството за финансии кои ќе дискутираат за ESG практиките и инклузијата во финансискиот сектор. Конференцијата, организирана од Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ (AMFI) со поддршка од Европската унија, ги привлекува водечките имиња од регионот и пошироко. Меѓу реномираните говорници се Елма Зукиќ, претседателка на AMFI, Јасмина Селимовиќ, гувернерка на Централната банка на БиХ, и Ричард Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за ЕМЕА регионот.

Јошевски посебно го истакна успехот на Mint Fintech Group во развојот на финтек услугите и важноста на соработката со банки и глобални партнери, наведувајќи: „Горди сме на нашето партнерство со банка во Македонија и со VISA, со што креиравме наша прва VISA картичка и овозможивме средствата од нашите кредити да станат подостапни за клиентите.“ Mint е исто така една од ретките микро-кредитни организации во Македонија која нуди заеми и за поединци и за мали и средни претпријатија, со што 30% од портфолиото е насочено кон корпоративни заеми.

Конференцијата Microbalkans 2024 ја истакнува улогата на Македонија во микрофинансискиот сектор на Балканот и ја зацврстува позицијата на Mint Fintech Group како лидер во финтек иновациите, промовирајќи ги новите можности за раст и развој преку дигитализација и засилена соработка во регионот.

Бизнис

Македонски Политиколошки Форум објавува ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ

Објавено

на

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата.

Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум.

Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот повик.

Сите заинтересирани имаат можност да испратат свој труд (индивидуално или група автори) најдоцна до 15 ти Мај 2025 година.

Трудовите треба да ги исполнуваат условите наведени во повикот.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ЛЕБ ДА СИ “СЕМКАР“ – Продавач на јаткасти плодови обвинет за затајување на данок од 200.000 евра!?

Објавено

на

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.А., сопственик и управител на правниот субјект „АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје“, поради сериозни злоупотреби во врска со даночни обврски во периодот од 2020 до крајот на 2024 година.

Според наодите од истрагата, А.А. свесно и со однапред утврдена намера, со цел да обезбеди противправна имотна корист за себе и компанијата, не ја евидентирал набавената трговска стока – јаткасти производи во вредност од 53.257.786 денари, ниту во сметководствената евиденција ниту како кусок.

Со тоа, избегнал да пресмета, пријави и уплати:

  • ДДВ по стапка од 5% во износ од 2.662.889 денари,
  • Данок на добивка од 10% во износ од 5.325.778 денари.

Дополнително, пријавениот не ги прикажал како приход застарените обврски кон добавувачи во вредност од 40.903.524 денари, што потекнуваат од 2020 година, со што избегнал обврска за дополнителен данок на добивка од 4.090.352 денари.

Најзагрижувачки е фактот што пријавениот не изготвил и не поднел завршни сметки за 2021, 2022 и 2023 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар, со што, според Управата, се избегнала уплата на вкупни даночни обврски во износ од 12.079.019 денари по разни основи.

Вкупната затаена даночна обврска што ја утврди Управата за финансиска полиција изнесува околу 200.000 евра.

Овој случај ја истакнува важноста на засилениот надзор и контролата над корпоративното работење, особено кај микро и мали компании кои често оперираат со значителен обем на сива економија. Финансиските институции и регулаторите остануваат фокусирани на почитување на даночната регулатива и правичниот третман на сите пазарни учесници.

Продолжи со читање

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Во Вашингтон ја продолжуваме редовната комуникација со меѓународните финансиски институции и инвеститори за она што го работиме

Објавено

на

Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварувањето на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од темите на кои министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе разговара на состаноците во Вашингтон, каде што учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

„Во Вашингтон ќе разговараме со меѓународните финансики институции и инвеститорите за состојбите во економијата. Важно е да одржуваме редовни состаноци, затоа што на почетокот на 2026 година очекуваме издавање еврообврзница од најмалку 700 милиони евра, бидејќи доспева за враќање претходно издадена еврообврзница на износ од 700 милиони евра. Ваквата постојана комуникација со меѓународните институции е важна и за да покажеме дека работиме посветено, што,пак, влијае врз висината на каматата“, рече министерката во интервју за Македонската телевизија.

Таа додаде дека проекцијата за раст на економијата од 3,7% нема да се ревидира, а тоа се темели на она што се работи и дека ова ќе биде презентирано и на состаноците со претставниците од ММФ и Светската банка. Во однос на инфлацијата наведе дека, исто така, се преземаат мерки и дека на среден рок ќе има стабилизирање.

Наведе дека очекува поддршка од Светската банка во однос на спроведување дигитализација на процесите во Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, како и од Трезорот на САД преку експертиза за забрзана имплементација на тие процеси.

Како што посочи, тоа ќе помогне во давање побрзи услуги кон бизнисот, за што било разговарано и на средбите со македонските иселеници во Чикаго, кои имаат свои компании во САД, но и во РС Македонија и планираат да ги прошират своите деловни активности.

Во одговор на прашање во врска со исплатата на платата на вработените во институциите од секторот култура, рече дека тоа ќе биде направено во оној момент кога платата ќе биде пресметана согласно закон.

„Уште од првиот ден инсистирам пресметките да ги направат согласно општиот и посебниот колективен договор и во оној момент кога ќе се пресметаат, тие ќе бидат исплатени согласно закон. Инаку, преку Буџетот плата земаат 90000 лица и досега немало проблем. Истите закони важат и за вработените во секторот култура и тие треба да се почитуваат“, рече министерката, додавајќи дека прашањето со исплатата на платите на инспекторатите произлегува од неусогласеност со посебните закони.

Продолжи со читање

Популарно