Манчестер Јунајтед падна на 14. место на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ загубија со 4-1 на гостувањето против Њукасл. Дуелот на „Сент Џејмс Парк“ донесе уште една потпросечна партија на избраниците на Рубен Аморим во која Манчестер парираше едно полувеме, за во вториот дел Њукасл целосно да издоминира и заслужено да стигне до убедлива победа.
Сандро Тонали го отвори резултатот за огромна радост на домашните навивачи во 24. минута, но гостите успеаја до крајот на првиот дел да израмнат преку Аргентиенцот Гарначо.
Второто полувреме донесе извонреден пресинг на фудбалерите на Њукасл, по кој гостите се мачеа да ја изнесат топката од сопствената половина. Херој на домашниот тим беше крилниот офанзивец Харви Барнс, кој постигна два прекрасни погодоци за водство од 3-1.
Аморим се реши на овој меч да го казни голманот Онана, но ниту неговата резерва Бајандир не се прослави откако Турчинот направи катастрофална грешка во додавањето, по што Бруно Гимараеш ги постави конечните 4-1 на „Сент Џејмс Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА