(ВИДЕО) ЖЕНА ОБОИЛА ЈАЈЦА НА ПОТПОЛНО ПРИРОДЕН НАЧИН И ВООДУШЕВИЛА: За „Ѕвезденото небо“ ви требаат само овие 2 чаеви

Со помош на зелен чај и чај од хибискус, оваа жена обоила домашни, жолти јајца и го добила најубавото обоено велигденско јајце наречено „Ѕвездено небо“. Боењето јајца наприроден начин станува се попопуларно. Тања обоила 10 жолти, домашни јајца во нереална темно сина боја која личи на ѕвезденото небо на лушпата од велигденските јајца.

Потребно е:
Зелен чај
Чај од хибискус – цвет
Вода
Јајца
Газа
Подготовка: јајцата прво ги избелела така што свежите јајца ги ставила во ладна вода за да се натопат, а потоа додала 200 мл 9% алкохолен оцет. Кога јајцата биле сварени, таа едноставно ја отстранила бојата со газа.
После тоа, таа сварила чај од хибискус и го процедила, но користела само цветови од хибискус. Сварила и зелен чај и го оставила на страна. Потоа зела газа и секое јајце го завиткала во газа во која претходно ставила неколку варени цветови хибискус. Завитканото јајце го ставила во зелен чај и сето тоа го повторила со останатите 9 јајца. Јајцата ги оставила во чајот 24 часа, а потоа ги одвиткала, ги избришала и ги премачкала со масло.


Погледнете колку прекрасно изгледаат.


Фото: Принтскрин/YouTube/My Kitchen Tanja

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

Некои места имаат посебна енергија а Саемот на книга е токму такво место каде што …