ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.10.2024
МВР предупредува на измами на социјалните мрежи
Автор: Goce Author

МВР апелира граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуват на измамници кои нудат враќање на парите од пирамидалната измама „Конти“.

Последната измама, пирамидалната шема Конти и по нејзиниот крах остана можност и инспирација за нови измами. Овојпат, главната улога ја преземаат измамници кои ја користат маката на луѓето кои останале без своите средства и нудат помош. Ова го прават најчесто преку социјалните мрежи.

За оваа појава реагира и МВР и преку соопштение ги предупредува граѓаните да внимаваат. Во соопштението тие информираат дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

„Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист“ – велат од МВР.

До граѓаните се упатува апел да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со министерство можат да се најдат на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk .

Измени во субвенционираниот студентски оброк
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“