Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа
 
Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.
 
 
Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација, додаде тој. 
 
 
ВМРО ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат и за тоа ќе го обвинат Брисел, потенцирапе Ковачевски. 
 
 
 
-ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
 
 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

 



Додади коментар