ВЛЕН преку соопштение ја обвини ДУИ дека се однесува како „пулени на СДСМ“ и дека не може да се помири со фактот дека Венко Филипче ги игнорира. Според ВЛЕН, откако ДУИ секојдневно се координирала со цел да профитира од колективната трагедија во Кочани, сега Бујар Османи, како лице задолжено за контакт со СДСМ, емоционално е изневерен бидејќи нивните планови се разоткриени.
Тие повикуваат ДУИ да престане со ширење лаги и манипулации во обид да оправдаат свои политички планови за бојкот на локалните избори, што го сметаат за обид да предизвикаат политичка криза. ВЛЕН нагласува дека е време за одговорност и дека е неопходно да се соочат со реалноста.
„Како пулени на СДСМ, ова изгубено раководство на ДУИ очигледно не може да преболи што и Венко Филипче ги пушта низ вода. Откако секојдневно се координираа како политички да профитираат од колективната трагедија во Кочани, сега Бујар Османи, како лице задолжено за контакт со СДСМ, емоционално изневерен откако плановите им се разоткриени, повторно ја заврти истата бајата грамофонска плоча. Наместо да ја прозиваат коалицијата ВЛЕН, ние уште еднаш ги повикуваме да престанат да шират лаги и манипулации со цел да ги оправдаат плановите за бојкот на локалните избори како обид да предизвикаат политичка криза“, стои во соопштението.
ВЛЕН ја обвинува ДУИ за нивното криминално владеење, истакнувајќи дека токму поради нивните дејства, ВМРО-ДПМНЕ успеа да освои 58 пратеници на ланските парламентарни избори. Според ВЛЕН, постои само „патолошки страв“ на ДУИ од правосудна одговорност за поранешните функционери, кои со децении се богатеа на грбот на Албанскиот народ. Партијата предупредува дека анти-Албанските политики на ДУИ ќе бидат „жестоко казнети“, бидејќи, како што нагласуваат, „нашите граѓани нема да дозволат некој да ги држи во заложништво само затоа што разгалените фотељаши не се научени да седат во опозиција“.
„Конечно, треба да разберат дека токму заради нивното криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници на ланските парламентарни избори. Не постојат ниту јавни, ниту тајни планови за отстранување на Албанците од било каде. Постои само патолошки страв на ДУИ од правосудна одговорност за нивните поранешни функционери, кои со децении се богатеа на грбот на Албанскиот народ, кого јавно го лажеа со големи Албански приказни, а тајно ги полнеа џебовите со криминални дилови со Груевски и Мијалков. Овие анти-Албански политики на ДУИ ќе бидат жестоко казнети, бидејќи нашиот народ нема да дозволи некој да ги држи во заложништво само затоа што разгалените фотељаши не се научени да седат во опозиција“, завршуваат од ВЛЕН.