Нико Ковач: „Барселона првпат загуби оваа година и тоа многу ни значи“

Борусија Дортмунд одигра одличен натпревар против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите и им го нанесе првиот пораз на Каталонците оваа календарска година. Сепак, тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето, со оглед на убедливите 4-0 кои ги имаше Барселона од првиот натпревар.

„Ова беше одличен натпревар за нас. Игравме со висок интензитет и пресинг на целиот терен. Разочаран сум од елиминацијата, но на Барселона ѝ го нанесовме првиот пораз во 2025 година и тоа многу ни значи. Можеме да бидеме горди на себе. Ова беше многу поразличен натпревар од првиот. Игравме многу подобро, бевме храбри, а важен фактор беше и нашата публика. Гордост е да се игра вака против Барселона. Тешко ми е да издвојам кој беше најдобар бидејќи сите беа одлични. Сепак, трите гола на Гираси зборуваат за неговата игра. Можеше да постигне и повеќе голови, но му беше потребна и поддршка од соиграчите“, рече тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, по елиминацијата од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести