Македонија

Се бараат пропусти во лекувањето на пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, се уште го нема видено извештајот за пациентот Тони Ангеловски, кој почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија. Тој побара време да се запознае со случајот, но најави и одговорност.

„Тоа е сериозна дијагноза, сега одам во Минситерството. Ќе го видам извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела. Но дајте ми време да го видам извештајот“, рече Таравари.

Прашан како е можно, единствената сала на Клинички за едноскопска операција да не работи, а пак во салата на Торакална хирургија да нема стентграфтови, но и дали ако денеска дојде пак пациент со пукната орта, е му се случи истото, тој одговори: „Во Македонија имаме три клиники каде се работат вакви операции. Државна и две клиники. Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ. Ќе има одговорност ако има пропусти“.

Претходно објавивме дека 59-годишниот Тони Ангеловски со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Неговиот роднина, Ацо Николовски алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“.

Од Клиниката за кардиохирургија кажаа дека пациентот немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите. Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.

Според сведочењето на роднините на починатиот пациент, тие биле пратени да бараат решение во Клиниката „Жан Митрев“, за која им посочиле дека е болница која треба да го оперира на државна сметка. Но, според нивното сведоштво, оттаму биле известени дека квотата за лекување на државен трошок е потрошена, па дека ќе мораат да плаќаат 1.000 евра од ден при хоспитализација, плус додатни трошоци. Таравари не одговори конкретно дали ќе пратат инспекции и таму.

На почеток