Економија
КАНАДА ВОЗВРАТИ СО ЦАРИНИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ АВТОМОБИЛИ
06.04.2025
Канадскиот премиер Марк Карни објави дека од вечерва ќе воведат царини од 25 отсто за американските увозни автомобили.
- Kанадската царина ги таргетира сите возила увезени од САД кои не се во согласност со Северноамериканскиот трговски договор, рече Карни.
Новиот шеф на канадската влада, кој минатиот месец го замени Џастин Трудо, не прецизираше колкав е обемот на американскиот увоз што ќе биде засегнат од мерката, пренесува Бета.
Канада беше поштедена од новиот список за царини што го објави американскиот претседател Доналд Трамп во средата против речиси сите земји во светот. Но, Канада која е најголемиот трговски партнер на САД, е цел на дополнителни американски царини за челик и алуминиум, како и за автомобили од денес.
„Глобалниот трговски систем закотвен во САД и на кој Канада се потпира од крајот на Втората светска војна повеќе не постои“, рече канадскиот премиер.
Според него, заврши 80-годишниот период во кој САД ја прифатија водечката улога во глобалната економија, а во кој создадоа сојузи засновани на доверба и меѓусебно почитување и се залагаа за слободна трговија со стоки и услуги, пренесува Б92.
фото freepic