СТУДЕНТИТЕ ВО БЕЛГРАД СЕ СТЕПАА СО ПОЛИЦИЈАТА Трет ден трае блокадата пред РТС
Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба, објави РТС.
Трет ден траат протестите пред зградата на Радио Телевизија Србија во Белград. На социјалните мрежи се појавија снимки од трукање и тепачки. Во полициска акција студентите кои го блокираат влезот на зградата беа истуркани од полицијата.
Блокирани се зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград и на Кошутњак. Студентите најавија дека блокадата ќе трае додека не се објави нов конкурс за РЕМ или до затворање на РТС. Државната телевизија во вторникот емитуваше реприза на Вториот дневник поради блокадите.
ПОТРЕБНИ СТЕ НАМ, КРЕНУЛО ЈЕ ГУРАЊЕ
pic.twitter.com/NEcNrRn51T
— Правни у блокади (@blokadapravni) April 16, 2025
Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.
„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.
Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“.
Во понеделникот вечерта беа блокирани влезовите во зградите на РТС во Белград и на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад. Од вчера утрото поставени се и бели шатори пред Собранието на Србија во центарот на градот без да се знае кои се луѓето внатре и што е нивна цел.
Policija sprovodi zaposlene RTS sa Palilulske pijace do ulaza “Ćevabdžinica”. Jadna je vlast koja je to naredila. Jadna. pic.twitter.com/ENl79kBpHD
— Здравко Јанковић
(@zdravkojankovic) April 16, 2025
За денеска во Краљево студентите во блокада ќе одржат протест „Пумпај, пумпај Ибар водо“. Почетокот на протестот е закажан за 8 часот и треба, според најавите на социјалните мрежи, да трае до полноќ.
Студентите во блокадата на Машинскиот и Градежниот факултет во Краљево изјавија дека се планира блокада на четири сообраќајни точки во градот, како и блокада на две институции.
Од синоќа во Краљево се пристигнати студенти и матуранти од повеќе градови во Србија.