ФА Куп: Кристал Палас е прв полуфиналист

29. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФА Куп: Кристал Палас е прв полуфиналист

Фудбалерите на Кристал Палас се први патници во полуфиналето на ФА Купот откако во четвртфиналето го елиминираа Фулам на „Крејвен Котиџ“ со убедлива победа од 0:3.

Феноменалниот финиш на првиот дел беше одлучувачки за конечниот исход на мечот. Се беше решено помеѓу 34. и 38. минута кога Еберечи Езе ја презеде улогата на лидер, а остатокот од тимот го следеше. Во првиот наврат погоди за 0:1, а четири минути потоа асистираше за 0:2, а голот го постигна Сар.

Конечните 0:3 беа дело на Нкетиа во 75. минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата