Го совлада Ѓоковиќ во финалето и заработи како никогаш досега во кариерата! 

19-годишниот чешки тенисер Јакуб Меншик во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами славеше голема победа над Новак Ѓоковиќ со 7-6/4, 7-6/4 и со тоа го направи најголемиот досегашен успех во кариерата и го спречи српскиот тенисер да ја освои стотата титула во трофејната кариера. 

Единствени со сто или повеќе титули во „опен ерата“ се уште Џими Конорс со 109 трофеи и Роџер Федерер со 103. Со овој пораз Ѓоковиќ пропушти шанса и да го израмни рекордот на Андре Агаси, кој седум пати славел во Мајами, а како поразен во финалето доби 552.614,78 евра. 

На другата страна Меншик забележа заработка на кариерата. Во своето второ финале во кариерата, тој го освои првиот турнир. Она што не му успеа лани во Доха, каде застана на чекор до трофејот, му успеа на многу посилниот турнир во Флорида. Првиот трофеј во кариерата му донесе и голема парична награда. Меншик заработи околу 1.039 милиони евра, па оваа година вкупно има заработка од околу 1,4 милиони.

Освоените бодови во Мајами му донесоа и скок од триесет места на АТП ранг-листата во сингл, со што денес е 24-ти тенисер во светот. Ѓоковиќ остана на петтото место.