ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ: Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

Објавено во: Македонија 13 Април, 2025 14:12
- Како „Пулс“ работи иако фирмата што ја управува дискотеката има блокирана сметка. Како исплатувала плати? Објектот бил „пломбиран“. Па кој ја отстранил „пломбата“ и објектот продолжил со работа? Ова е прашање што ја инволвира и УЈП.
- Како полициски службеници го толерираат работењето на „Пулс“ вклучително на денот на кобниот настан и покрај пријавите за присуство на малолетници во него и употребата на пиротехнички материјал без притоа со него да оперира овластен/лиценциран оператор?
Вака поставено – произлегува дека полицијата (намерно) не го прекинува работењето на „Пулс“.
Ова отвора сет непријатни прашања:
- Дали раководителите на ПС во Кочани или во СВР во Штип знаеле зошто нивните службеници не го запирале работењето на „Пулс“? Со години?
- Ако не знаеле – како воопшто биле на тие позиции?
- Ако знаеле за чиј интерес не реагирале? По сопствена одлука или „по наредба од горе“?
- Каква е одговорноста за именувањето на овие полициски раководители во мандати на три министри за внатрешни работи: Јанкуловска, Спасовски и Тошковски? Во чиј интерес и по чие барање ги именувале овие раководители? Лично, партиско...?
- За издавање лиценца може да се виновни само поранешни, но не и сегашни функционери.
-„Пулс“ функционирал цела година со фалсификувана лиценца и тоа не го засега актуелниот министер за економија кој е на должноста 10 месеци, но ги засега сите претходни?!
- Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија
