Дебора, 102, ги открива тајните на долговечноста

5 јуни 2024

За 102 годишната Дебора Секели, спортот, дружењето, учењето и природата се добитната комбинација за долг и среќен живот.

Ова симпатична старица до својата 90-та година возела велосипед и правела пилатес вежби, а сега гледа да пешачи барем еден километар.


Таа поседува свој бизнис, постојано е во контакт со пријателите и често оди на опера. Дебора зборува четири јазици англиски, француски, шпански и германски и секој ден се труди да научи нешто ново.

Родена е во Бруклин, Њујорк, далечната 1922-ра година. Таа не јаде месо, конзумира најмногу растителна храна и риба.

За појадок обично јаде банана, суво грозје, житарки и јогурт. Ручекот и се состои од салата, мешан зеленчук и урда, додека за вечера преферира печени компири и риба.

Го сака сладоледот и знае да се напие кафе.


Дебора е ко-сопственик на фитнес и спа центри, а во оваа индустрија работи повеќе од 80 години.

Првиот ресорт го отворила во 1940 во Мексико, а вториот во 1958-ма и се испробала во речиси секоја професија, од готвач па сè до генерален менаџер.

Бизнисот сега го води Сара, нејзината ќерка, но 102 годишната Дебора често се вклучува во одлуките.


"Мислам дека природата е клучна за здравјето и младешкиот изглед. Прилично е тешко да бидете песимист кога сте опколени со прекрасно зеленило и дрвја".

Фото: Instagram

Објавено:
5 јуни 2024
Категорија: 
Здравје