• Горан Упале

Фудбалерите на РБ Лајпциг експресно им се вратија на победите во домашниот шампионат, откако по поразот во дербито со Баерн Минхен, вечерва со убедливи 4-2 го совладаа составот на Вердер Бремен во 16. коло од Бундес лигата.
Голеадата во Лајпциг започна во 23. минута кога Симонс донесе прва домашната радост, а потоа, само три минути подоцна, Вајзер израмни за Вердер. Лајпциг повторно поведе во 35. минута кога Симонс го постигна вториот гол на натпреварот, а потоа Бенџамин Шешко во 47. минута зголеми на 3-1.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши со овој резултат, но на крајот Лајпциг постигна четврти гол. Стрелец беше Баумгартнер во 90. минута за убедливи 4-1, а за конечните 4-2 се погрижи Бурк во третата минута од судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас поради повреда не беше во протоколот за овој натпревар.
Во следното коло Лајпциг гостува кај незгодниот Штутгарт, додека противник на Вердер ќе биде тимот на Хајденхајм.