Радио Милева шок пред камерите

„Бремена сум со фудбалер“: Дара Бубамара ги изненади сите (видео)

„Бремена сум со фудбалер“: Дара Бубамара ги изненади сите (видео)

Пејачката ги изненади гледачите со изјави за приватниот живот за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“.

Дара Бубамара се осврна на приватниот живот, а водителот Огњен Амиџиќ веднаш забележа дека пејачката блеска.

-Тајната е мојата луда и природна енергија. Гледам што јадам, гладувам, а знаете дека плачам кога сум гладна. Тренирам помалку, но често настапувам, танцувам многу, а енергијата е важна“.

Поради нејзиното расположение многумина мислеа дека е заљубена, но пејачката тврди дека тоа не е така.

-Не сум, но последниве 4-5 месеци бев само во студио, монтажа, бев со син ми, и така во круг. Бев толку заслепена од мојот нов албум, па ништо друго не ме интересираше.

Сепак, веднаш следеше шок кога Дара изјави дека е бремена со фудбалер.

-Бев со момче, морам да ви признаам нешто… со фудбалер, трудна сум! Морам да ви кажам дека сум бремена, изјавила Дара, додека сите во студиото останаа шокирани, но потоа додаде: „Априлили, толку ме заслепи албумот, љубовта и тој дел од приказната беа на пауза“, се пошегува пејачката.

 

фото: printscreen/instgaram

To top