Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер денес започнуваат со натреварите од Купот во Гевлелија

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес ги започнуваат натпреварите од годинашниот  Куп на Македонија “Благоја Ѓоргиевски Буштур“ кој се игра во Гевгелија. “Пелистерци“ денес со почеток во 15,30 часот во  четвртфиналето ќе играат против екипата на Чаир.

Стартот на турнирот е денес со четвртфиналните пресметки, најпрво од 13 часот со дуелот меѓу ТФТ Скопје и Гостивар, а потоа следат Пелистер и Чаир, па домаќинот Куманово со Кожув. Во вечерниот термин од 20:30 часот е супер-пресметката меѓу бранителот на трофејот МЗТ Скопје и Работнички.

Втората двојка – Пелистер – Чаир 2030 на официјалната прес-конференција  ја истакна меѓусебната почит и посака победа и пласман во “вториот круг“.

-Одиме натпревар по натпревар, целосно сме фокусирани на дуелот со Чаир. Можам да кажам дека сериозно се подготвуваме за тој дуел, прво да покажеме многу подобра игра од она што го прикажавме на последниот дуел со Феникс. Јас генерално сум задоволен од она што го прикажавме на тој меч, секако имаше и работи што не ми се допаднаа, што на крајот пресудија да го загубиме тој дуел. Овие денови ќе работиме на отстранување на тие грешки и верувам дека ако одиграме како што знаеме ќе успееме да стигнеме до посакуваниот резултат против Чаир. Тогаш би оделе на победникот од дуелот МЗТ – Работнички и на тој меч би требале да го покажеме правецот во кој се движиме како екипа, истакна тренерот на битолчани.

Пелистер лани беше домаќин на завршниот турнир, организирајќи спектакл во кој нашата екипа успеа да стигне до големото финале, каде по голема борба несреќно загуби во самиот финиш од МЗТ Скопје.