„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

Објавено во: Економија 06 Април, 2025 10:15
Првиот човек за финансиите во Соединетите Американски Држави, Скот Бесент излезе со поддршка за претседателот Доналд Трамп и посочи дека САД би можеле да собираат тарифи од 300 до 600 милијарди долари годишно.
Оваа бројка сугерира мала краткорочна промена во тарифните стапки објавени оваа недела, но може да помогне да се покријат трошоците за даночните намалувања што Конгресот ги разгледува.
„Ќе имаме значителен тарифен приход на почетокот“, рече тој во интервју за Такер Карлсон. Потоа, рече Бесент, „приходите од фабриките, од даноците на доход од сите нови работни места ќе се зголемат“.
Според него САД би можеле да придобијат меѓу 300 и 600 милијарди долари само од новите тарифи, додавајќи дека многу производи не се произведуваат во САД, и дека се увезуваат, а со тарифите очекуваат да имаат домашно производство.
- На почетокот ќе имаме силен инкам од тарифите, а потоа ќе се зголеми приходот од фабриките и данокот на приходи, но и од новите вработувања - објаснува Бесент кај Карлсон.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак го повика претседателот на Федералните резерви Џером Пауел да ги намали каматните стапки.
- Ова би било совршено време за претседателот на ФЕД Џером Пауел да ги намали каматните стапки. Секогаш ’доцни’, но сега можеше да го промени имиџот и тоа брзо – порача Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social.
Како причина за намалувањето ги наведе падот на инфлацијата и цените на енергијата и го оцени како „голема победа“.
- Цените на енергенсите се намалуваат, каматите се намалуваат, инфлацијата е намалена, дури и јајцата се намалени за 69 отсто, а работните места се зголемуваат, сето тоа во рок од два месеци. Голема победа за Америка. Намали ги каматите Џером и престани да играш политика – рече Трамп.
CNBC објави дека новата трговска политика на американскиот претседател може да биде пречка што ја спречува Федералните резерви да ги намали каматните стапки.
Новите царини би можеле да доведат до широко распространето зголемување на цените, макар и привремено, дополнително да го отежнат движењето на инфлацијата.
Пауел пак претходно предупреди дека Американците наскоро би можеле да забележат пораст на инфлацијата и невработеноста откако Трамп воведе реципрочни царини за повеќе земји.
Тој рече дека економијата е „сè уште стабилна“, но, како што рече, царините на Трамп може да предизвикаат „подолготрајни“ ефекти, како што се повисоки стапки на невработеност.
- Иако неизвесноста е сè уште висока, сега е јасно дека зголемувањето на царините ќе биде значително поголемо од очекуваното. Веројатно истото ќе важи и за економските ефекти, кои ќе вклучуваат повисока инфлација и побавен раст - рече претседателот на ФЕД.
Тој рече дека „обврска“ на ФЕД е да се погрижи „еднократното зголемување на нивото на цените да не стане постојан проблем“, предупредувајќи дека инфлацијата може да се зголеми „во наредните квартали“.
Еве го целото гостување на Бесент:
Можеби ќе ве интересира
Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор
