еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Саемот на мебел го посетиле 15.000 лица

Годинешниот Саем на мебел, кој се одржа од 26 до 30. март во Арена „Борис Трајковски“, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот.

Во одлична атмосфера, посетителите можеа можеа да ја истражат богатата понуда во четири тематски зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија.

Саемот на мебел, секоја година претставува уживање за сите љубители на дизајнот и внатрешното уредување, додека посетителите оваа година можеа во релаксирана атмосфера да уживаат во бесплатно кафе од брендот Saccaria.

Саемот имаше и хуманитарен карактер – дел од приходите од влезниците беа донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, како поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата што го погоди Кочани. За времетраењето на саемот беа поставени и специјални кутии за донации од Црвениот крст, овозможувајќи му на секој посетител да даде свој придонес во хуманитарната акција.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет смртни случаи од Ковид-19 изминатите 24 часа во Тетово

Редакција

Мицкоски не се оградува од Ванчо Михајлов, вели дека тој е дел од континуитет на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се почитува

Редакција

Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска

Редакција