Летна елеганција!
•
4 јули 2024
Летни забави, свечени прилики или едноставно личен избор – елеганција во лето и секако прекрасни фустани.
Кога зборуваме на оваа тема најчест избор се еднобојните решенија како бела, беж, но за посебни моменти тука се и црните фустани.
Љубителите на принтови и бои ќе одберат нешто поинакво, а во однос на материјалите предност имаат оние кои ѝ дозволуваат на кожата да дише.
Широките кроеви се исто така во игра, додека модните додатоци се сведени на минимум.
Сандалите одат рака под рака со летните елегантни фустани, а ги одбираме согласно нашите преференции и комбинацијата.
За лето со стил!
Фото:Pinterest