• Мартин Танасковски

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова повторно ќе игра во Шпанија, каде потпиша за тимот на Мадрид. Македонката се враќа во земјата по кратка авантура во Саудиска Арабија каде играше за Ал-Шабаб.
Мадрид ја врати 31-годишната Андонова во шпанскиот елитен фудбал и тоа уште оваа зима. Се работи за клуб кој се наоѓа на десеттото место во лигата и во моментов е во резултатска криза, па во Андонова се гледа адут во нападот.
Шпанија не е непознаница за Андонова, со оглед на тоа што настапуваше за Леванте и Барселона. Во моментов, таа е дел од Ал-Шабаб од Саудиска Арабија.
Андонова во својата богата кариера има настапувано за Турбине, Розенгард, ПСЖ и Барселона, а нејзин последен клуб пред да замине од Стариот континент беше Леванте, за кого играше од 2019 година.
Во Македонија нашата најдобра фудбалерка ги носеше дресовите на Борец Велес и Тиквешанка.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.