Македониоја од денеска и официјално ќе биде отстранета од листата на безбедни земји за патување во Европската унија, јавува Ројтрерс.
Ќе бидерме во друштво со уште пет држави, меѓу кои Косово, Црна Гора и Либан, а ако ни е за утеха, во ова група влегоа и САД и Израел.
Двајца службеници во институциите на Европската унија потврдија за Ројтерс дека Советот на ЕУ денеска ќе ја објави својата одлука за отстранување од листата на епидемиолошки безбедни трети земји за вкупно шест земји, вклучувајќи ги и САД.
Отстранувањето од списокот значи дека на земјите-членки им се советува повторно да воведат забрана за влез на патниците од овие земји, така што истите веќе нема да ги исполнуваат условите да влегуваат без ограничувања за несуштински цели како туризмот и бизнисот.
Според Ројтерс, одлуката за повторно воведување забрана за влез на американски патници е донесена во петок, 27 август, но официјално ќе биде објавена дури во денеска, 30 август.
Целосната листа на засегнатите земји оди како што следува: Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Северна Македонија, Соединети Држави.
Сите шест неодамна пријавија зголемен број случаи на коронавирус откриени на нивната територија.
Во САД, каде живеат 328,2 милиони жители, од почетокот на пандемијата се откриени вкупно 38.158.495 случаи, од кои 169.512 во последните 24 часа, откриваат податоците на Светската здравствена организација.
Додека Израел, кој досега вакцинираше околу 80 проценти од своето 9,053 милиони жители, регистрираше 8.078 случаи во последните 24 часа, со што бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата достигна 1.031.810.
Поради зголемувањето на бројот на случаи, SchengenVisaInfo.com веќе со денови известуваше дека ќе се врати забраната за влез на Американците кои патуваат во ЕУ за несуштински цели.
Листата на ЕУ на епидемиолошки безбедни трети земји е листа на земји кои не се членки на ЕУ/ЕЕА и кои се сметаат за безбедни во услови на пандемија на коронавирус поради ниските стапки на инфекции, а на земјите-членки им се советува повторно да ги отворат границите за несуштинските патници од овие области.
Списокот се разгледува секои две недели, а земјите -членки не се законски обврзани да го применуваат. Жителите на Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан, од друга страна, се сметаат за жители на ЕУ заради целта на оваа препорака.
Првата листа беше објавена на 30 јуни 2020 година, додека последен пат беше разгледана на 15 јули 2021 година, кога Украина беше додадена на неа.
Во моментов, се состои од следниве 23 земји: Албанија, Ерменија, Австралија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Брунеи Дарусалам, Канада, Израел, Јапонија, Јордан, Либан, Црна Гора, Нов Зеланд, Катар, Молдавија, Северна Македонија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур, Јужна Кореја, Украина, Соединетите Американски Држави, како и Кина , што се уште е предмет на потврда за реципроцитет.