Познати соработува со Ким

ФОТО: За овој маж Клое Кардашијан би ставила крај на целибатот

Ѕвездата од шоуто „Во чекор со Кардашијан“ е сингл од 2021 година, откако ја заврши својата турбулентна врска со Тристан Томпсон.

ФОТО: За овој маж Клое Кардашијан би ставила крај на целибатот

За време на последната епизода од шестата сезона на реалното шоу „Кардашијан“, ријалити ѕвездата Клое Кардашијан откри кое познато име би можело да ја убеди да се откаже од својот целибат.

Кардашијан се довери и откри дека станува збор за познатиот фризер Крис Аплтон, кој е познат по соработката со нејзината сестра Ким, но и со актерките Џенифер Лопез и Кришел Стаус, пишува списанието Page Six.

„Толку е згоден!“, „Кој не би го сакал?“, „Има навистина добра енергија“, „Не знам дали би му се допаднала, но дефинитивно би ми се допаднал“, рекла Клое.

Instagram / chrisappleton1

Нејзината изјава доаѓа кон крајот на епизодата, откако таа и Аплтон на шега коментираа за апликациите за запознавање за време на забавата по повод 44-тиот роденден на Ким.

Instagram / chrisappleton1

-Треба да ги споиме сите апликации за запознавање во една и да ја наречеме „Што остана“, бидејќи да бидеме реални – згрешивме, се пошегува Аплтон, а потоа додаде дека тој и Клое ќе бидат заедно.

Instagram / chrisappleton1

Инаку, ѕвездата од шоуто „Во чекор со Кардашијан“ е сингл од 2021 година, откако ја заврши својата турбулентна врска со Тристан Томпсон. Кардашијан имаше две деца со НБА играчот, и планира да остане во целибат додека не го пронајде вистинскиот маж.

To top