18.8 C
Скопје
21:28 - 16 април, 2025

Катарина призна дали била мажена кога започнала врска со Дарко Лазиќ, а ја спомена и неговата љубомора: Тоа е нормално

Катарина и Дарко Лазиќ уживаат во бракот кој го круниса со раѓањето на нивната ќерка Срна, а Катарина сега малку се наврати на минатото.

Како што е познато, тие биле во врска како тинејџери, но раскинале и секој тргнал по својот пат. Таа се омажи, тој се ожени и се разведе, потоа имаше многу јавни врски и имаше деца. Катарина сега призна дали била во брак во времето кога двајцата решиле да ја обноват својата љубов.

– Кога ја обновив љубовта со Дарко, почна да се „чепка“ по моето минато, а во тоа време сè уште имав фотографии на Инстаграм на кои носам бурма. Па се пишуваше дека се забавувам со Дарко, и дека сум уште во брак. Тоа не е точно, да речеме дека беше некој „меѓу-период“ – изјавила Катарина.

Катарина призна и дека има предизвици кога си во брак со пејач кој често не е дома, а откри и дека нејзиниот сопруг е љубоморен.

– Често е отсутен поради работата, но навистина нон-стоп сме во контакт. Тој е повеќе љубоморен, тоа може да го потврди, но кога има ваква љубов, љубомората е нормална. Никогаш не ми правел љубоморни сцени, немаше такво нешто. Често ме прашува: „Како е можно никој да не ти се додворува?“, но мене најмногу ме следат жени, не добивам пораки од мажи, нема груби понуди, не ми пишуваат, претпоставувам јасно е дека сум незаинтересирана и сум во среќен брак – вели сопругата на пејачот.

Слични објави

Пораснал во беда, а сега зема по 20.000 евра бакшиш: Мухарем Сербезовски имал тешко детство во Шутка!

Еспресо

Милица Тодоровиќ била фатена во кражба: „Многу ја сакав Касандра…“

Еспресо

Братот на Милан Калиќ е врвен спортист: Помлад е една година од актерот и често го гледаме на телевизија

Еспресо

Потпиша предбрачен договор: 35 години помладиот сопруг на Верица Ракочевиќ стави крај на гласините дека е со неа само поради пари

Еспресо

Дивеел по улиците: Ѓорѓе Давид направил тежок сообраќаен прекршок, еве каква казна го чека

Еспресо

Два месеци по нивната смрт: Џин Хекман и неговата сопруга конечно погребани

Еспресо