ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Пингвин обвинет за соборување на хеликоптер!

Ни доаѓа вест која спаѓа во „Верувале или не“.

Се работи за пингвин кој е обвинет во Јужна Африка дека соборил хеликоптер.

Според тамошните власти, хеликоптерот се урнал откако пингвин во картонска кутија случајно ги поместил контролите на леталото, кое подоцна паднало.

Инцидентот се случил на 19 јануари, по полетувањето во провинцијата Источен Кејп.

На 8 април властите објавија официјален извештај и наведоа дека пингвинот е причина за несреќата на хеликоптерот.

Во несреќата немало повредени, а во хеликоптерот биле четири лица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното