Фудбалерите на Интер брзо се освестија по болниот пораз во финалето од Суперкупот на Италија против Милан и запишаа нови три бода на своето конто во Серија А. Шампионот од гостувањето кај Венеција се враќа со минимална победа од 0-1, со која ја прескокнаа Аталанта на второто место на табелата и се доближија на само еден бод до лидерот Наполи, кој има и еден натпревар повеќе. „Нероаѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар кон противничкиот ...
Водечкиот Наполи ја совлада Верона со 2:0 (1:0) на домашен терен во последниот неделен натпревар од 20. коло на италијанската Серија А и ја продолжи победничката серија. Избраниците на Антонио Конте го започнаа патот до петтата последователна победа во 5. минута, кога Џовани Ди Лоренцо ја погоди стативата со удар од работ на шеснаесетникот, но одбиената топка го погоди гостинскиот голман Лоренцо Монтип и заврши во мрежата. Водството на Наполи во ...