• Горан Упале

Фудбалерите на Интер брзо се освестија по болниот пораз во финалето од Суперкупот на Италија против Милан и запишаа нови три бода на своето конто во Серија А.
Шампионот од гостувањето кај Венеција се враќа со минимална победа од 0-1 (0-1), со која ја прескокнаа Аталанта на второто место на табелата и се доближија на само еден бод до лидерот Наполи, кој има и еден натпревар повеќе.
- Извештај од натпреварот:
„Нераѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар кон противничкиот гол упатија седумнаесет удари, но само еден заврши во посакуваната цел. Тој го испрати дефанзивецот Дармиан, кој мрежата на Венеција ја затресе во 16. минута. Во самиот финиш малку фалеше Интер да остане без победа, откако голема шанса имаше Похјанпало, но Зомер беше на висината на задачата и ја сочува својата мрежа.
Во следното коло Интер пред својата публика ќе го пречека тимот на Болоња, додека Венеција гостува кај Парма.