• Саше Љолес
Кошаркарот на Валенсија, Жан Монтеро, официјално е избран за „ѕвезда во подем“ во второто најсилно европско натпреварување, Еврокупот.
Наградата ја добиваат кошаркари кои се помлади од 22 години, а Монтеро ја заслужи со солидниот просек од 13,2 поени, 5,3 асистенции и 1,7 украдени топки по натпревар. Тој е еден од најдобрите играчи на Валенсија сезонава и за него веќе има голем интерес од неколку европски гиганти.
Зад него на листата се најде 18-годишнииот центар на Цедевита Олимпија, Жоан Беранже, кој имаше просек од 4,6 поени, 5,3 скока и индекс на корисност од 8,3. Жан Монтеро ја започна кариерата во Гран Канарија, а исто така настапуваше за тимовите на Бетис и Андора.