26.04.2025 19:09
Вести Свет

Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен изјави дека судската одлука со која ѝ се забранува да извршува изборни функции практично ја исклучува од трката за претседателските избори во 2027 година. Таа нагласи дека нема големи надежи дека нејзината жалба ќе биде разгледана пред изборите.

Според неа, забраната е „политичка одлука“. „Да бидеме искрени, јас бев елиминирана, но вистината е дека елиминирани беа и гласовите на милиони Французи“, изјави Ле Пен.

Таа додаде дека ќе ги искористи сите правни средства за да ја поништи пресудата, по што би можела да ја разгледа можноста повторно да се кандидира.

Доколку не успее, 29-годишниот лидер на Национален собир, Жордан Бардела, може да биде нејзин кандидат за претседател. „Жордан Бардела е голем адут за партијата, и тоа го велам одамна“, нагласи Ле Пен.

Таа истакна дека одлуката на судот претставува „практика која сме ја сметале за резервирана за авторитарни режими“ и дека милиони Французи се „восхитени“ од нејзината борба против „неправдата“.

Француски суд вчера донесе одлука според која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе