Големите светски ѕвезди на свечен настан во Париз пред почетокот на Олимпијадата

26 јули 2024

Под организациска палка на LVMH вчеравечер се одржа ексклузивна забава на којашто присуствуваа голем број на ѕвезди.

Спортисти, актери, пејачи, дизајнери и останати познати ликови пристигнаа во Париз пред свеченото отворање на Олимписките игри.

Спој на спорт култура, мода, музика и уметност со доза на хуманитарна нота беше тоа што обедини голем број на гости во градот на светлината.

Организатори на настанот беа музичарот и уметнички директор на Луј Витон, Фарел Вилијамс, директортот на LVMH Бернард Арно, Брајан Робертс од NBCUniversal и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.

Снуп Дог, Серена Вилијамс, Зендаја, Шарлиза Терсон, Новак Ѓоковиќ беа само дел од присутните.

Галеријата во продолжение.

Фото: Getty

Објавено:
26 јули 2024
Категорија: 
Сцена