ВИДЕО: Каков гол на Шипиќ – во пад и од зад грб го надмудри најдобриот голман на светот!

Хрватска со негатива од четири гола замина на полувреме во финалето на Мундијалот против Данска (12-16). Момците на Дагур Сигурсон одиграа борбено во првиот дел, но немаа решение за разиграните ѕвезди на бранителот на титулата.

Јакобсен и Гидсел ја диригираа играта на Данците, додека на спротивната страна на висината на задачата беше Мартиновиќ со исто така пет гола, но потегот во првото полувреме му припадна на кружниот напаѓач на Хрватите, Марин Шипиќ. 

Херојот на „коцкестите“ од натпреварот со Унгарија, постигна само еден гола, но истиот беше вистинска мајсторија, откако во пад и од зад грб го надмудри за многумина најдобриот голман на светот – Емил Нилсен. 

Нилсен блесна и на овој дуел и во првите триесет минути од финалето впиша осум успешни интервенции.