• Мартин Танасковски
Екипата на Арсенал ја оствари целта, забележа домашна победа над Фулам (2-1) во рамки на Премиер лигата, со што се зацврсти на второто место на табелата во Премиер лигата пред најблискиот следбеник Нотингем Форест.
- Арсенал - Фулам 2-1:
„Топџиите“ одиграа по планот, добија и добра и лоша вест. Добрата вест е што Букајо Сака влезе во игра и заигра по долгата пауза заради повреда, лошата е што дефанзивецот Габриел се повреди и тоа непосредно пред натпреварите во Лигата на шампионите.
До победата во малото лондонско дерби против Фулам на „Емирати“, Арсенал дојде со головите на Мерино во 37. минута и на Сака, кој погоди во 73. минута по асистенција на Мартинели откако се врати на терените по 101 ден. Тоа беше само седум минути откако влезе на теренот. Почесниот гол за Фулам го постигна Родриго Муниз во 94. минута.
- Вулверхемптон - Вест Хем 1-0:
Во вториот меч во терминот од 20:45 часот, екипата на Вулверхемптон дома го победи Вест Хем (1-0). Единствен стрелец на мечот беше Јорген Ларсен во 21. минута.