12 Март, 2025
0.0379

ВО АКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА РАЗБИЕНА Е КРИМИНАЛНА МРЕЖА: Полицијата уапси десет лица

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Заедничка акција на Македонија и Србија разби криминална мрежа и се запленети над 500.000 евра.

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази.

„При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода. Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек“, велат од ОЈО. 

Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во РСрбија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180.000 фалсификувани банкноти – евра.

Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

„Со ОЈО-ГОКК кое бара куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети“: Мојсоска со остри критики по најновите апсења

„Со ОЈО-ГОКК кое бара куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети“: Мојсоска со остри критики по најновите апсења

Велибор со сите детали за убиството на Вањa, Палевски прво ја прашал како се викаат нејзините родители

Велибор со сите детали за убиството на Вањa, Палевски прво ја прашал како се викаат нејзините родители

МИСАЈЛОВСКИ ЈА РЕШИ МИСТЕРИЈАТА: Кажа дали ќе има македонски војници во Украина

МИСАЈЛОВСКИ ЈА РЕШИ МИСТЕРИЈАТА: Кажа дали ќе има македонски војници во Украина