Хроника дебар

Полицајци фатиле малолетник како вози автомобил, неговиот татко им се заканувал

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полицајци фатиле малолетник како вози автомобил, неговиот татко им се заканувал

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи запреле малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно се однесувал кон нив.

Според полицијата, синоќа во 22:10 часот, при сообраќајна контрола извршена на улицата „Јусуф Грвала“ ( поранешна Вељко Влаховиќ) во Дебар, полициски службеници сопреле патничко возило „Поло“ со дебарски регистарски ознаки и притоа констатирале дека возилото го управувал малолетник од Дебар.

-По кратко време, на местото пристигнал неговиот родител кој го нарушил јавниот ред и мир со закани и агресивно однесување кон полициските службеници, потврдуваат од полицијата.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top