Aдвокатот на првобвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски смета дека еден од останатите обвинети Влатко Кешишев никогаш немал страв од неговиот клиент. Јовица Страшевски вели дека Кешишев си прави драма и дека денешното рочиште е уште еден циркуз во судењето.
Адвокатот тврди дека Кешишев требало да се соочи со Палевски, а не да бара неговиот клиент да излезе од судењето.
-Сите (Велибор Манев и Кешишев) велат дека биле таму ама чуле и не виделе. Како можеш да биде присутен, а да не видиш? Едниот зборува еден исказ, другиот зборува исказ. Јавно се гледа дека се монтирани и двајцата и дека зборуваат она што некој им го наметнал. Не може ни вие како јавност, ниту судот да поклонува верба на изјава на Кешишев и на неговиот адвокат која е лажна. Имаме официјална институција – директор на затворот „Скопје“ попознат како „Шутка“ кој кажа дека е невозможно ни во комбе ни во затворот да се подаде некакво ливче. Бидејќи истите лица се максимално обезбедени, ставени се сами во самица и кога ги носат, ги носат повеќе чувари. Ова е уште една лага, а Кешишев треба самиот да се погледне и да каже што е вистината, рече Страшевски во изјава за медиумите.
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. По Манев и Видевски, на ред за сведочење Влатко Кешишев, кој на инспекторите им го покажал местото каде што го закопале девојчето. Палевски беше отстранет од судницата за Кешишев да може да сведочи без страв.