Регион

Црна Гора: Акцијата „Ограничени цени“ ќе трае до 30 април

31 Jan 2025

Вицепремиерот и министер за економски развој, Ник Ѓелошај соопшти дека е донесена одлука акцијата „Ограничени цени“ да продолжи до 30 април.

 Ја продолживме оваа кампања до 30 април, со истите точки како во претходниот период, изјави Ѓелошај по денешната седница на Владата.

Според него, целта на акцијата е да се запре поскапувањето на основните прехранбени производи.

Сите статистички податоци покажуваат дека немало инфлација во претходниот период и дека цените се стабилизирани, изјави Ѓељосај.

Ѓелошај истакна дека Министерството ги споредило цените на производите од кампањата „Ограничени цени“ со оние во регионот и дека истражувањето покажало дека цените биле „далеку поевтини“ отколку во Хрватска и Србија.

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...