ВИДЕО: Бурк двоен стрелец, Штутгарт со играч помалку загуби од Вердер

Екипата на Штутгарт не успеа да извлече бод против Вердер Бремен и загуби во финишот на натпреварот од 29. бундеслигашко коло со конечен резултат 1-2 (1-1).

Во првиот дел беа постигнати по еден гол на двете страни, но во второто полувреме домаќинот остана со играч помалку откако црвен картон заработи Ник Волтемаде. Леонидас Стергиу го отвори резултатот во 19. минута, но гостите од Бремен возвратија со голот на Оливер Бурк. 

Се чинеше дека „швабите“ ќе издржат до крајот и ќе успеат да освоат бод пред своите гледачи, но Бурк го замолкна стадионот кога го постигна својот втор гол во 90. минута од натпреварот. 

Двете екипи остануваат близу на првенствената табела, но сега Вердер има 42 бода и се наоѓа на деветтото место, додека Штутгарт го впиша единаесеттиот пораз и останува со два бода помалку на 11. позиција.